Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Досега се евакуирани околу 120 македонски граѓани од Украина

 Oд Украина досега вкупно се евакуирани 120 лица, од кои дел се украински државјани со нивни семејства, информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг и додаде дека за еден час на граничниот премин Деве Баир ќе пристигнат група граѓани, меѓу кои и семејството со новороденчето.


„Од нив, 20 го искористија нашиот апел да ја напуштат државата пред 24 февруари, пред започнување на конфликтот. Во активна евакуација се 43 наши граѓани, што значи дека ги напуштиле живеалиштата и се на пат да излезат од Украина, пред еден час седум граѓани ја напуштија државата“, соопшти Османи.



Македонското семејство со новороденче го напуштило Харков


Тој додаде дека има дел од наши граѓани кои ја напуштиле Украина, нo заминале во Полска и решиле да останат таму, со намера во прва прилика да се вратат повторно во Украина. Има и граѓани кои во С Макеоднија немаат ништо, освен македонско државјанство кои решиле да останат во Полска или соседните земји.


„Минатата недела, МНР испрати дипломатска мисија во Украина со цел да ја олеснат евакуацијата на македонските граѓани. Околу 38 граѓани сè уште се во нивните живеалишта во Украина, од кои 11 во Киев, седум во Запорожје и 20 по другите градови“, информираше Османи.



Османи: Никој не е против рускиот народ, туку против агресивната политика на нивната влада


Во однос на повторното заминување на македонскиот амбасадор Крум Ефремов во Украина, министерот истакна дека неколку дена пред евакуацијата амбасадата се наоѓала во скривница поради бомбардирањето, поради што морале да бидат извлечени од Киев на побезбедно место во Украина. Османи појасни дека по нивната евакуација, повторно продолжил процесот на евакуација на македонските граѓани и оти сме една од ретките држави што повторно ја врати амбасадата во Украина, сè додека и последниот граѓанин не биде евакуиран од таму. 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *