УПОЗ-Ако нема усогласување со минималната плата одиме на протест
„Јавно ги повикувам сите членови на Синдикатот на УПОЗ и сите вработени во управата и правосудството кога Синдикатот ќе повика да го искажеме незадоволството преку прекин на работа да се одржи протест, дали уште ден два ќе има неколку законски измени на Влада, доколку поминат имаме спремни амандмани и ќе пробаме да ги искористиме сите можности да ги ставиме на гласање доколку и тоа не се случи доколку не се предвиди усогласување со минималната плата ќе се договориме сите синдикални организации за времето и начинот на одржување протест,“ изјави Деаноски.
Владата е за дијалог со СОНК кој бара поголеми плати и се заканува со штрајк
Тој изрази загриженост поради неменување на законите со кои се регулираат платите на вработените во управата и правосудството. Деаноски посочува дека без законски измени ниту еден вработен во управата и правосудството нема да ја добие новата вредност на минималната плата и повторно само овие вработени во државата ќе останат со плата под минималната.
На прес-конференцијата беше истакнато дека во моментот има од 15.000 до 16.000 вработени, кои земаат плата со Закон во јавниот сектор и доколку нема измени нема да добијат ниту минимална плата, ниту било какво друго усогласување со плати.