Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Зеленски- Украина е на работ на опстанок

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека неговата земја е на „работ на опстанок“ бидејќи руските сили продолжуваат да ги гранатираат клучните инфраструктурни и цивилни цели повеќе од четири недели по започнувањето на неиспровоцираната инвазија врз Украина. Зеленски во говорот кој го одржа преку видео линк пред италијанските пратеници изјави дека Украина никогаш не би можела да се откаже од стратешкото пристаниште или од други градови, вклучувајќи ги Харков и Киев.


„За руските војници, Украина е портата на Европа, каде што сакаат да упаднат, но не смее да се дозволи варварството да помине“, им порача тој на италијанските пратеници во обраќањето преку видео врска.



Украина очекува интензивирање на руските напади


„Ние сме на работ на опстанок“, додаде тој.


Украинскиот лидер одржа слични говори пред пратениците во неколку други земји, вклучително и САД, Канада, Германија и Израел, за да издејствува поголема воена помош во борбата против руските трупи.


Русија и Украина и натаму водат разговори за прекин на огнот, а Зеленски продолжува да инсистира на потребата да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин „во кој било формат“ за да се стави крај на борбите.


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека процесот се одвива „многу побавно и помалку суштински отколку што би сакале“. Песков додаде дека не може да навлегува во детали со оглед на чувствителноста на разговорите.



„Војната на Путин“: Што да се очекува во следната фаза од руската инвазија?


По говорот на Зеленски, италијанскиот премиер Марио Драги ја пофали Украина за нејзиниот „херојски“ отпор и ја критикуваше Русија за нејзините постапки.


„Ароганцијата на руската влада се судри со достоинството на украинскиот народ, кој успеа да ги ограничи експанзионистичките цели на Москва и да наметне огромна цена на окупаторската армија“, изјави пред пратениците премиерот Драги.


Во последните две недели Русија се обиде да го заземе пристанишниот град Мариупол. Преземањето на контролата врз градот на Русија ќе и даде копнена врска со Полуостровот Крим кој Москва го зазеде во 2014 година. Таа територија е контролирана од сепаратистите поддржани од Кремљ во источна Украина.



ОН-Над 3,5 милиони Украинци побегнаа поради воениот конфликт во Украина


Жителите на Мариупол, кој имаше 400.000 жители пред избувнувањето на војната, во последните две недели беа заробени без основни резерви, како што се вода, храна и гориво. Најмалку 2.300 луѓе загинаа во Мариупол, некои закопани во масовни гробници, соопштија властите.


Русија ги засили своите напади во последниве денови, при што многу цели како болници, станбени згради и театри беа уништени со бомбардирања од руските сили. Американската војска вчера ги обвини руските сили дека извршиле воени злосторства во нивната крвава инвазија на Украина, додека американскиот претседател Џо Бајден на 21 март им кажа на група американски бизнис лидери дека дејствијата на Русија се акции на земја која наидува на многу поголем отпор од очекуваното.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *