Најмалку четири жртви во напад пред трговски центар во Израел
Четири лица загинале, а неколку биле повредени во напад во јужниот дел Израел, соопшти полицијата.
Тројца се избодени до смрт пред трговски центар о Бершеба, додека четвртиот бил удрен од возило управувано од напаѓачот, јавува Би-Би-Си.
Напаѓачот бил убиен од возач на автобус. Ова е најсмртоносниот ваков напад во Израел во последните неколку години.
На видеото од местото на настанот се гледа маж на улица надвор од областа како држи нешто што личи на голем нож, додека сообраќајот поминува покрај него. На друго видео се гледа како тој се соочува со маж со пиштол, кој отвора оган кога напаѓачот го фрла ножот кон него.
Неколку од ранетите, од кои некои се здобиле со тешки повреди, се пренесени во болница.
Полицијата соопшти дека инцидентот започнал денеска, кога осомничениот со нож избодел жена на бензинската пумпа, а потоа се упатил кон трговскиот центар каде налетал на велосипедист. Потоа отишол во друг трговски центар од другата страна на улицата, каде што избодел повеќе луѓе пред да го застрелаат.
Според локалните медиуми, напаѓачот бил израелски арап бедуин од градот Хур, на околу 19 километри источно од Бершеба. Се вели дека тој претходно ја отслужувал казна во израелски затвор поради прекршување на безбедноста и бил познат од безбедносните служби како поддржувач на милитантната група на таканаречената Исламска држава.