Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

УЈП демантира дека „КАМ“ маркети биле запечатени поради прекршоци

Инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП) проверуваат дали залихите во магацините на КАМ маркетите соодвестуваат со книговодствената евиденција. УЈП ги демантира информациите дека маркетите се запечатени поради прекршочни санкции.


Како што наведуваат од институцијата, запечатувањето на маркетите било направено синоќа заради прекин на пописот, а со цел да не настанат евентуални малверзации и злоупотреби во продавниците и магацините.



„Сите објекти во раните утрински часови на 22/03/2022 година се отворени, односно службениците од УЈП ги отстранија пломбите во присуство на вработените на даночниот обврзник и со пописот се продолжува во текот на денешниот ден и се планира да заврши денес“, велат од УЈП.



Контролата како што велат од УЈП следува откако биле утврдени низа неправилности со контролите извшрени по Законот за регистрирање на готовинските плаќања во повеќе маркети низ државава, по однос на примената на даночната стапка.



„Управата за јавни приходи кај даночниот обврзник КАМ ДОО, Илинден започна со извршување на надворешна контрола согласно Законот за даночна постапка за увид во состојба на залихите на трговска стока во магацин и продавници со цел констатирање на фактичката состојба на залихите и споредба со книговодствената евиденција“, додаваат од УЈП.



Стравот и шпекулациите ги празнат продавниците


За исходот од извршените контроли, како што посочуваат од УЈП, не може да информираат од причина што согласно законите, службените лица на Управата се должни како даночна тајна да ги чуваат сите документи, информации, податоци и други факти за даночниот обврзник до кои дошле во даночната, прекршочната или судската постапка.



Се огласија и од КАМ маркети од каде информираа дека се работи за редовна инспекциска контрола и дека во текот на денот се очекува маркетите да продолжат со редовна работа.



„Ве известуваме дека во моментот се врши инспекциски надзор во КАМ маркетите. Се работи за редовна контрола. Оние објекти кои во моментот не работат се затворени заради обезбедување услови за непречено одвивање на работата на инспекторите: спроведување попис и останати потребни активности. Во текот на денот, очекуваме КАМ маркетите да продолжат со редовното работење“, стои во соопштението од КАМ маркет.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *