Во Грција пораст за заразени со ковид
За разлика од вчерашните 27.490 случаи од 113.940 направени тестови, денеска има речиси четири пати повеќе тестирања, односно новозаразените 28.933 случи се регистрирани од направени 434.502 тестови.
Во изминатите 24 часа починале 49 лица, а 351 пациент (девет повеќе од вчера) е приклучен на одделите за интензивна нега во грчките болници.
Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 2.986.880 случаи на ковид-19, а 27.392 лица починале.
Која е поентата на вакциналните сертификати, ако и невакцинираните имаат имунитет?
Грција во изминатите неколку недели укина дел од рестриктивните ковид мерки и се стреми, како што се приближува летниот период, така постепено да ги укинува рестриктивните мерки наметнати од пандемијата, а до Велигден, според најавите од министерот за здравство Танос Плеврис, се очекува да се олабават низа рестрикции.