Европската комисија го суспендира приспапот на Унгарија до фондовите на ЕУ
Европската комисија ќе го суспендира пристапот на Унгарија до парите од европските фондови за поддршка. Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен изјави дека комисијата ќе покрене постапка за суспензија на исплатите поради кршењето на европските стандарди на владеење на правото од страна на Унгарија.
Европската комисија ќе покрене постапка за суспендирање на исплатите на Унгарија од фондовите за поддршка за кршење на европските стандарди на владеење на правото, изјави денеска претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен.
Нејзината изјава во Европскиот парламент доаѓа два дена откако унгарскиот премиер Виктор Орбан прогласи победа на изборите кои се одржаа во неделата.
Шест заклучоци од големата изборна победа на Орбан во Унгарија
Унгарија, која што е главен примател на финансии од ЕУ, е под се поголеми критики во последниве години поради отстапувањето од демократските норми, како прекумерна контрола над судството, задушување на слободата на медиумите и негирање на правата на ЛГБТ заедницата.
Фон дер Лајен рече дека нејзиниот тим не бил убеден во одговорите на Унгарија на прашањата поврзани со владеењето на правото.
„Нашиот заклучок е дека мораме да го направиме следниот чекор“, рече таа, додавајќи дека наскоро ќе биде испратено официјално известување до унгарските власти.
Мерката за суспендирање на плаќањата од европските фондови, која се смета за најмоќното оружје на ЕУ за спречување на продлабочувањето на демократскиот јаз во блокот, беше одобрена пред повеќе од една година, но Европската комисија чекаше правни гаранции пред да се имплементира.
Највисокиот суд на Европската унија, Европскиот суд на правдата, во февруари пресуди дека мерката е во согласност со законот.