Ковачевски – Не знам која фирма кому е блиска и дали во РЕК Битола има блиски до Вице Заев
Не знам која фирма до кого е блиска. Тендерите за ископ на јаглен во РЕК Битола се јавни, отворени и транспарентни и никој економски оператор не се пожалил на постапката. Истите фирми работат со РЕК Битола по 10-15 години, вели директорот на ЕСМ Васко Ковачевски во неделното интервју на Радио Слободна Европа, коментирајќи ги обвинувањата дека фирми блиски до Вице Заев, брат на поранешниот премиер, добиваат тендери за ископ на јаглен во РЕК Битола.