Кипар од денеска со поедноставни протоколи за патување
Досегашната пракса за задолжително пополнување електронска форма за лоцирање на патници непосредно пред патувањето и категоризација на земјите согласно епидемиолошката слика, од понеделник се укинуваат на Кипар. Влез ќе биде дозволен за сите кои имаат валиден европски сертификат за вакцинација или прележана болест или негативен резултат од ПЦР/рапид тест, а конкретните правила важат и за државјаните на Северна Македонија.
СЗО: Вирусот е многу активен, не е време за укинување на мерките
Правилата за сертификатите се идентични како и во Европската унија, сертификатот за вакцинација не смее да биде постар од девет месеци по примената втора доза и без ограничувања со примена бустер доза, за прележан Ковид-19 важи 180 дена, а доколку се патува со негативен резултат, ПЦР тестот треба да биде до 72 часа, а рапид тестот до 24 часа пред патувањето. Туристите кои ги имаат потребните документи, нема да бидат тестирани при пристигнувањето, меѓутоа можно е на аеродромите да се прават тестирања по случаен избор.