ВМРО-ДПМНЕ: Владата да запре со притисоците кон СОНК
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска порачаа дека продолжуваат притисоците од Владата кон образовниот кадар, и како што посочија, срамните манипулации од СДСМ дека тие инвестирале во образовниот процес.
„Токму експериментите на СДСМ го урнаа образовниот процес и го нарушија угледот на просветните работници. Во овој момент додека СДСМ вели дека го штити достоинството на образованието Владата пак преводена од СДСМ спроведува најбрутални закани и притисоци кон оние што го користат правото на штрајк. Дополнително, на површина излегува сета политизираност и партизација на Сојузот на синдикати. Димовски како синдикален лидер, за каков што се претставува, застана во одбрана на Владата наместо да ги штити правата на работниците“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
СОНК: До сега нема договор, можна е средба попладне во Владата
Според опозициската партија, Владата треба да ги прифати барањата на СОНК, а не како што рече Митева, да се обидува преку нивниот омилен синдикалец да прави квази договори.
„Уцените, притисоците и заканите не и успеаја на власта да го скрши штрајкот на СОНК, па сега преку омилениот синдикалец Дарко Димовски измисли социјален дијалог преку кои се обидуваат да ги измамат наставниците, професорите и воспитувачките“, додаде Митева.
Со почитување и усогласување на Колективниот договор, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ платата за наставник приправник од 22.764 денари ќе порасне на 41.256 денари, или од 24.782 денари нето платата ќе изнесува 45.054 денари за наставник. Во средните училишта од сегашните 25.000 денари, платата со усогласување на Колективниот договор ќе изнесува 45.000 денари.
Членовите на СОНК штрајкуваат од 11 април, со барање за поголеми плати. Владата понуди зголемување на платите за 10 проценти, што беше одбиено од СОНК.