Нови 77 случаи на Ковид -19, нема починати лица
Во изминатотото деноноќие направени се 1.084 тестови, а регистрирани се 77 нови случаи на КОВИД-19, од кои осум се реинфекции. Евидентирани се 101 оздравено лице и не се пријавени починати лица, информираа од Министерството за здравство.
Од вкупниот број нови случаи, во Скопје позитивни се 29, Битола – 20, Прилеп, Велес, Гостивар и Охрид – по 5, Тетово – 2, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кочани, Струга и Гевгелија – по 1.
СЗО: Скоро 15 милиони смртни случаи поврзани со коронавирус
Досега во земјата се направени вкупно 2.027.591 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.140, бројот на оздравени пациенти е 300.208, на починати е 9.284, а бројот на активни случаи изнесува 648.
Од нив половината се во Скопје каде има 306 лица позитивни на новиот коронавирус.