УЈП- Отворена е предистражна постапка за даночни малверзации
„Во интерес на предистражната постапка на Јавното Обвинителство, информираме дека сите потребни материјали и податоци од страна на УЈП се доставени до институциите и дека се преземени сите потребни мерки во насока на заштита на државната каса“, се вели во соопштението.
Претходно денеска од ВМРО- ДПМНЕ во соопштение посочија дека на повидок е нов скандал на власта со фиктивни фактури и фирми при што од државата каса во УЈП биле испумпани 30 милиони евра.
Државата се задолжува, а во иднина или помали плати или повисоки даноци
„Владата ги злоупотребува институциите за профит на блиски луѓе до врвот на СДСМ и ДУИ. Постојат сериозни сомнежи дека преку фиктивни фактури се правеле цесии со Управата за јавни приходи каде што директорува Сања Лукаревска, заменик претседател на СДСМ , на фирми кои што се должници и фирми кои што се побарувачи на данок на додадена вредност, односно преку фиктивни фирми побарувачи и фиктивни фактури од УЈП се испумпани до 30 милиони евра државни пари“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од УЈП велат дека раната детекција на незаконската работа кај одредените даночни обврзници е резултат на посветената и професионалната работа на вработените во УЈП.