Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Северна Кореја истрела три балистички проектили

Северна Кореја денеска истрела три балистички ракети со краток дострел кон морето, соопшти војската на Јужна Кореја, во најновиот од серијата демонстрации на оружје оваа година, кои дојдоа само неколку часа откако јавно го потврди својот прв случај на коронавирусот од почетокот на пандемијата.


Северна Кореја лансираше нов проектил


Лансирањето би можело да ја нагласи решеноста на Северна Кореја да продолжи со напорите да го прошири својот арсенал и покрај избувнувањето на вирусот за да собере поддршка зад лидерот Ким Џонг Ун и да го задржи притисокот врз своите ривали во услови на долго заспана нуклеарна дипломатија.


Генералштабот на Јужна Кореја во соопштението посочи дека трите проектили лансирани од северниот дел на главниот град во четвртокот попладне полетале кон водите во близина на источниот брег на земјата.


Во него е наведено дека војската на Јужна Кореја ја зајакнала својата подготвеност и надзор додека одржува тесна координација со Соединетите Држави.


Северна Кореја лансирала ракета во правец на морето


Јапонија, исто така, ги потврди наводите за севернокорејските лансирања.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида им наложи на официјалните лица да направат се од себе за да го анализираат лансирањето, да обезбедат безбедност на авионите и пловните објекти во областа и да преземат мерки на претпазливост и подготвеност за какви било можни итни случаи, соопштија од неговата канцеларија.


Јапонската крајбрежна стража соопшти дека се верува дека евентуална балистичка ракета од Северна Кореја паднала во морето.


Претходно денеска севернокорејските државни медиуми ги потврдија првите инфекции со ковид-19 во земјата, по што севернокорејскиот лидер нареди рестриктивни мерки за движење низ целата земја за да се забави ширењето на вирусот. Тој им наредил на надлежните да ја зајакнат одбранбената положба на земјата за да се избегне каков било безбедносен вакуум.


Во последниве месеци, Северна Кореја тестираше низа проектили во она што експертите го нарекуваат обид за модернизација на своето оружје и притисок врз Соединетите држави и нивните сојузници да ја прифатат како нуклеарна држава и да ги олабават санкциите кон Северот. Некои набљудувачи велат дека и покрај зголемените антивирусни чекори, Северна Кореја најверојатно ќе продолжи со тестовите на оружје за да се обиде да го зајакне јавниот морал дома и да ја зајакне лојалноста кон раководството на Ким.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *