„Хартии“ е насловена јубилејната изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски што од 12 мај до 12 јуни се одржува во Музејот на македонската борба за самостојност. Поставката претставува ретроспектива на истражувањата на авторот врз различни видови хартија во изминативе 35 години.