Јурчева: Во денешното време на неизвесност, најнеизвесни сме за самите себе
„Разнишан свет“ е насловена втората збирка на раскази на Ирена Јурчева што како издание на „Темплум“ се појави неодамна. За расказите ќе биде забележано дека „полни со симболи и со алузии, на работ помеѓу сонот и јавето, тие навлегуваат во чудесното и фантастичното“.