Во Косово сомнителен случај на заразен со мајмунски сипаници
Министерството за здравство на Косово денеска објави дека испратило примероци за испитување во лабораторија на Светската здравствена организација во Холандија од еден случај за кој постои сомневање дека е заразен од мајмунски сипаници, јави дописникот на МИА од Приштина.
Опасни сипаници или мајмунски обид за страв
Според соопштението на Министерството, во петокот, на 3 јуни, од Инфективната клиника при Универзитетскиот и клинички центар на Косово е добиено известување за случај за кој постои сомневање дека е заразен од мајмунски сипаници.
„Пациентот е машко лице, родено 1953 година во Драгаш и е во стабилна здравствена состојба. Примероците се испратени во референтната лабораторија на СЗО во Холандија. Пациентот е изолиран и хоспитализиран на Инфективната клиника во Универзитетскиот и клинички центар на Косово“, се вели во соопштението.