Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

ВМРО-ДПМНЕ ќе се жали за конфискацијата на имотот пред Апелација - СДСМ бара да ги вратат украдените пари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека партијата ќе поднесе жалба откако писмено ќе ја добијат пресудата пред Апелациониот суд во случајот „Талир 2“, со која се конфискува партиското седиште и уште 30-тина штабови низ земјата.


Партијата ја разгледува и можноста да отвори постапка пред судот во Стразбур за пресудата, рече опозиционерот Мицкоски и обвини дека пресудата е „политички процес во режија на СДСМ, ДУИ, обвинителите и судиите“. 


„Не очекуваме дека нешто може во ова партизирано и октороирано обвинителство и судство да се измени, но ние ќе ги искористиме сите правни механизми кои ни стојат на располагање, а ќе ја разгледаме и опцијата да отвориме постапка и пред судот во Стразбур и правдата ќе биде докажана. Ние ќе продолжиме со нашата борба уште помотивирани, и уште поконцентрирани. Единствениот начин за победа над сиромаштијата, стопирање на инфлацијата, економијата да ни оди напред е смена на оваа власт“, изјави Мицкоски.



Студентското собрание на УКИМ бара седиштето на ВМРО-ДПМНЕ да стане студентски дом


Од владејачката СДСМ пак денеска преку соопштение велат дека во судскиот процес се докажало дека ВМРО-ДПМНЕ на незаконски начин се стекнала со имот меѓу кој и Белиот дворец и уште 30тина простори низ државата, а на Мицкоски му порачаа да ги врати украдените пари од народот. 


„Виде народот денеска дека Христијан Мицкоски ја разбира правдата исто како неговиот ментор Никола Груевски. Тој да седи во скапиот бел дворец, со вазни од 180.000 евра и плочки од 100.000 евра и да кажува на судот како да суди. Наместо да бараат изговори, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги вратат парите“, се вели во реакцијата на СДСМ.


Судот вчера пресуди да се конфискува седиштето на ВМРО-ДПМНЕ поради незаконска изградба во случајот Талир 2. 


Казна затвор од 6 години доби првообвинетиот поранешен премиер кој е во бегство, Никола Груевски, додека на второбвинетиот поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски му одреди условна казна затвор од две години.


Тие се прогласени за виновни затоа што незаконски, со злоупотреба на положба за партијата ВМРО-ДПМНЕ прибавиле нов објект вреден 7 милиони евра и дополнителни 2 милиони евра со кои купиле дополнителен недвижен имот.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *