Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Прва заедничка света литургија на патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан

Во Соборниот храм на Вселенската Патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул денеска вселенскиот патријарх г. Вартоломеј и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ја одржуваат прва заедничка Патријаршиска и синодална света литургија.


Тоа следува по примањето на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви, со што се отстрани повеќедецениската шизма наложена врз Македонската православна црква- ОА. На литургијата присуствува и владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски. Во црковната делегација се митрополити, повеќемина ѓакони, како и монаси.


МПЦ-ОА: Документот на СПЦ, надеж за скоро издавање на Томос од Вселенскиот патријарх


Во состав, пак, на владината делегација, покрај премиерот Ковачевски се  министрите за надворешни работи Бујар Османи, за одбрана Славјанка Петровска и за внатрешни работи Оливер Спасовски.


Предвидено е членовите на владината делегација  по литургијата да бидат примени од вселенскиот патријарх Вартоломеј, а покрај тоа тој ќе има и одвоена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски.


Г. Стефан до патријархот Вартоломеј: Ви благодарам за честа и за срдечната љубов со која нè прегрнавте


На денешната заедничка литургија ѝ претходеа вечерната богослужба во манастирот „Балаклија” во Истанбул во четвртокот, по која патријархот Вартоломеј на архиепископот Стефан му го предаде Патријаршискиот и синодален акт на Вселенската патријаршија за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство, како и празничната Божествена литургија во Соборниот храм „Св. Георгиј Победоносец“ по повод именденот на вселенскиот патријарх во петокот, на која молитвено присуствуваа и членовите на нашата црковна делегација.


Одлуката на Светиот патријаршиски синод за отстранување на шизмата и примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви беше донесена на синодското заседание на 9 мај.


Процесот до конечно добивање на официјалниот томос за автокефалност од Вселенскиот патријарх, како што минатата недела изјави митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј, започна на 4 јуни со врачувањето на документот од страна на патријархот српски Порфириј на архиепископот Стефан, со кој се потврдува одлуката на Српската православна црква, објавена на 24 мај по нивното сослужување на заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – Охридска Архиепископија, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *