Повреден бугарски фудбалер при сообраќајна несреќа во Грузија
29-годишниот фудбалер Тодор Неделев се здобил со посериозни повреди и веднаш бил пренесен на лекување во болница.
Бугарската фудбласка федерација соопшти дека Неделев, кој игра за бугарскиот клуб Ботев Пловдив, по хоспитализацијата веднаш бил „успешно опериран“. Дополнителни информации за неговата здравствена состојба најавија за подоцна во текот на денот.
Фудбалската федерација соопшти дека нема други повредени меѓу членовите на тимот.Грузија и Бугарија треба да го одиграат натпреварот од Лигата на нации на УЕФА на 12 јуни.
УЕФА соопшти дека „по разговорите со двата тима, договорено е натпреварот да се одигра според планираното“.