Втор круг на парламентарните избори во Франција
Гласањето ќе одреди дали Макрон ќе може релативно лесно да ја спроведе својата политичка агенда во неговиот втор мандат или ќе треба повеќе да се ангажира со силите на левицата.
Коалицијата на левичарски, социјалистички, комунистички и зелени партии, предводена од Жан-Лук Меланшон, му се заканува на мнозинството на Макрон.
Прв круг парламентарни избори во Франција
По првиот круг, ни оддалеку не беше сигурно дека гласањето ќе заврши со апсолутно мнозинство за таборот на претседателот. Макрон, кој неодамна беше реизбран за претседател, предупреди на политички хаос доколку неговата коалиција постигне само релативно мнозинство.
Доколку тоа се случи, неговите пратениците ќе бидат принудени да бараат поддршка од други групи за какви било иницијативи, што би можело да ги разводни плановите на Макрон. Излезноста ќе биде клучна за изборот на 577 члена на Националното собрание.
Во Франција кампањата за парламентарните избори без ентузијазам
Во првиот круг на гласање, во кој беа елиминирани сите освен првите двајца кандидати за секое место, само 47,5 отсто од 48,9 милиони гласачи во земјата излегоа да гласаат, што е рекордно ниско ниво.
Право на глас имаат околу 48,5 милиони граѓани, а резултатите ќе бидат објавени по затворањето на гласачките места во 20 часот по париско време, објави „Франс 24“. Гласањето започна вчера во дел од прекуокеанските територии на Франција.