Борел: Сега е моментот за приближување на Западен Балкан кон ЕУ
Го поздравувам компромисниот предлог од француското претседателство што сега ќе биде разгледано во Скопје. Сега е моментот за придвижување напред на Западен Балкан кон Европската Унија, напиша на Твитер, Борел.
Нови идеи на Макрон - Скопје најавува широки консултации и одлука според стратешките интереси
Претходно и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел го поздрави францускиот предлог за кој напиша дека ќе го отвори патот за старт на пристапните преговори со Северна Македонија.
Владата попладнево соопшти дека преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигнал предлог со идеи кои се однесуваат на нашите јавно изнесени позиции и ставови.