Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Собраниската седница по Информацијата за предлог-преговарачката рамка ќе биде дополнително закажана

Согласно Деловникот на Собранието, собранискиот претседател Талат Џафери ќе информира за датумот за свикување на пленарната седница на чиј дневен ред ќе биде Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка доставена од Владата до законодавниот дом, соопшти денеска Кабинетот на претседателот на Собранието. Како што се наведува во соопштението, на денешната редовна координација, собранискиот претседател Талат Џафери информира дека согласно член 185 од Деловникот на Собранието, тој ја доставува Информацијата до пратениците во форма во која што е добиена и нема надлежност да навлегува во нејзината содржина и нема деловничка одредба која што му овозможува да ја врати информацијата до предлагачот. „Според процедурата, Информацијата која што е на дневен ред на пленарна седница се усвојува со донесување на Заклучоци по однос на Информацијата“, додаде Џафери.


Францускиот предлог стигна во Собрание


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој присуствуваше на координацијата, информира дека ќе ги пренесе ставовите на опозицијата и информациите од оваа средба до Владата за потребата да се дополни Информацијата со материјалите кои што се јавно достапни и во неа се наведени како референца. На денешната редовна координација свикана од претседателот на Собранието, Џафери, присуствуваа и потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на СДСМ, Јован Митревски, на ДУИ, Арбер Адеми и на Алијанса на Албанците, Илире Даути, како и претставниците на политичките партии БЕСА, Алтернатива и Левица. Инаку, за денеска во Собранието е закажана пленарна седница со една точка на дневен ред – Ребаланс на Буџетот, за која што расправата ќе трае до пет дена.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *