Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Мирен осми ден протести против францускиот предлог

Во мирна атмосфера и со присуство на голем број граѓани помина осмиот ден од протестите против францускиот предлог, чие евентуално прифаќање треба да доведе до кревање на бугарското вето и почеток на преговори за влез на земјава во ЕУ. Под мотото „Ултиматум, не благодарам“ и „Со фашисти не се преговара“, присутните излегоа да кажат „не“ како што велат за бугаризација на Македонија.


Протестот и денеска започна пред Владата, од каде демонстрантите се движеа кон Министерството за правда, за да го завршат својот марш пред македонското Собрание.




Со веење на македонските знамиња, како и црвените знамиња со сонцето од Вергина, интонирање на македонската химна, беше побарано отфрлање на францускиот предлог, оставка од Валдата и одбрана на македонскиот јазик и идентитет.


Протестите на кои повикаа опозициските ВМРО ДПМНЕ и Левица се одржуваат веќе втора недела со почеток во 19 часот пред Влада, со кратка пауза во петокот и саботата поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам.




Во петокот место вообичаениот марш, се организираа блокади во Скопје кај Владата, како и на патиштата Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.


Пред почетокот на денешните протести, Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски апелираше граѓаните да излезат на мирни и достоинствени протести, а п политичките субјекти да повикаат на смиреност наспроти радикализација.



„Преку мирни протести може да се изрази својот став, додека преку вандализам, радикализам и преку насилство не може да се постигне ништо рече“, Спасовски.



Ваквите пораки доаѓаат поради тоа што изминатите денови во неколку наврати дојде до ескалација на протестите, во кои според информациите од Министерството за внатрешни работи беа повредени повеќе од 50 полицајци, а приведени десетина демонстранти.



„Криенката“ со францускиот предлог ја зголеми недовербата кај јавноста


Од опозицијата најавија дека протестите продолжуваат и во следните денови.



Во меѓувреме, францускиот предлог, кој го доби и предзнакот европски бидејќи беше прифатен од сите 27 членки на Европската унија, вклучително и Бугарија, се чека да биде ставен на пленарна седница во македонското Собрание. Информацијата за него пред неколку дена беше испратена од Владата, која се изјасни позитивно за добиеното решение.



Предлогот беше доставен со македонската Влада на последниот ден од француското претседавање со ЕУ, како можно решение за спорот кој веќе две години го има земјава со Бугарија, која не го признава македонскиот јазик и делови од историјата.



Кога ќе згусне се посега по меѓуетничките односи


Македонија уште во 2005 година доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ, ама 17 години оттогаш, не успеа да добие датум за почеток на преговори.


Прво проблем беше името во спорот со Грција, што беше надминато со Преспанскиот договор во 2018 година, за последниве две години земјава да биде закочена во евроинтеграциите поради бугарското вето.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *