Бајден во посета на Блискиот Исток
Американскиот претседател Џо Бајден од денеска ќе престојува во Израел, а во петок во Џеда, Саудиска Арабија. Тој деновиве за Вашингтон пост изјави дека целта на неговата посета на Саудиска Арабија е „да го зајакне стратешкото партнерство засновано на заеднички интереси и одговорности, притоа почитувајќи ги основните американски вредности“. „Знам дека многу луѓе не се согласуваат со мојата одлука да одам во Саудиска Арабија. Моите ставови за човековите права се јасни, а основните слободи се секогаш на дневен ред кога патувам, а тие ќе бидат и за време на ова патување. Мојата работа како претседател е да гарантирам дека земјата е цврста и безбедна, пишува демократскиот претседател, наведувајќи ја потребата да се „спротивставиме“ на Русија, да бидам во „најдобра можна позиција“ во однос на Кина и да обезбедиме „поголема стабилност“ во Блискиот Исток. За да ги направиме овие работи, мораме да имаме директни односи со земјите кои можат да придонесат за тоа. Саудиска Арабија е една од нив“, наведува Бајден.
Објавен декласифициран документ на ФБИ за 11 септември 2001 година
Плановите на Бајден да ги подобри врските со Саудиска Арабија, земја за која пред да биде избран за претседател, тој рече дека треба да биде изолирана од меѓународната заедница поради убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, наиде на критики.