СДСМ го поддржа францускиот предлог, Мицкоски со повик пратениците на СДСМ да го одбијат
Контрадикторните изјави на власта за Протоколот
Од друга страна лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати повик до на СДСМ да го одбијат предлогот. „Сакам јасно да подвлечам дека независно што ќе се расправа во Собранието, за нејзиното прифаќање пресудно е влијанието на Владата на СДСМ и ДУИ која игнорирајќи ја волјата на огромното мнозинство граѓани, на сила сака да протурка процедура која е во целосна спротивност со државните и национални интереси. Се работи за информација која Собранието ја носи со просто мнозинство, односно со 41 пратеник од присутни 61. Суштински, усвојувањето, односно неусвојувањето на оваа информација нема да смени ништо посебно бидејќи Владата на Ковачевски истата веќе ја прифати“, наведува Мицкоски кој додава: „Пратеници од СДСМ, ве повикувам да не подлегнувате на притисоците на власта и да постапите исклучиво според сопствената совест. Бидете достоинствени, почитувани пратеници од СДСМ и не потклекнувајте на притисоците од некои челни луѓе на вашата партија“.