Половина од тестираните во Гевгелија позитивни на ковид-19
Информацијата денеска ја потврдија и од Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија од каде соопштија дека во последните неколку денови се позитивни дури половината од тестовите што се прават кај нив на дневно ниво.
Сериозноста на новонастанатата состојба придонесе Општата болница во Гевгелија да упати апел до граѓаните кои чувствуваат симптоми на ковид-19 најпрво да се јават кај матичните лекари кои во зависност од клиничката слика ќе им препорачаат специјалистички преглед или амбулантно згрижување.
Нови 511 случаи на ковид-19, двајца починати
Од вчера во вакциналниот пункт во Гевгелија почна вакцинацијата со четврта доза против ковид-19 која им се препорачува на лицата над 60 години и тие со коморбидитети кои можат да ја примат по поминати четири месеци од приемот на бустер дозата или по прележан ковид-19.