Софија со нота до МНР реагира за дел од слоганите на протестите во Скопје
Инцидент кај Мавровка, цвеќе пред МНР, запалена слика пред Собрание - протести против францускиот предлог
Како што јави дописникот на МИА од Софија, во нотата се изразува „длабока загриженост поради тоа што се случува, а кое се однесува на ширењето на антиевропскиот наратив против воспоставувањето на добрососедските односи меѓу двете земји“.
„Особено загрижувачки е тоа што злонамерните дејствија во јавноста ескалираат во момент кога Софија и Скопје активно бараат пат кон конструктивен дијалог и пронаоѓање трајно взаемно прифатливо решение во интерес на европската интеграција на Република Северна Македонија и регионот“, се наведува во нотата.
Во документот се изразува уверување дека ваквите настани ќе станат дел од минатото, а двете држави ќе успеат да отворат нова страница во односите, заснована на взаемно почитување и искрено пријателство.