На летување за 1000 евра, некому сон, некому „кусур“
Повисоките цени на сместувањето, храната и горивата ќе одврати многу граѓани од одењето на одмор, но за други пак, не е проблем да одат и по неколку пати. Грција е најчест избор за летување на море, а политиката го намали интересот за Бугарија. Домашните угостители очекуваат бројката на туристи во земјава полека да го стигне предпандемиското ниво.