Маричиќ: Во септември почнува скринингот по кластери и поглавја
„Најпрво во прва фаза ќе одиме со дополнување на оној објаснувачки скрининг, каде што Европската комисија нам ќе ни претстави што е тоа што треба да усогласиме до членството, а потоа и билатералниот кога ќе се вклучат земјите членки со свои наоди, со свои гледишта, и врз основа на тоа, тоа ќе трае едно 14-16 месеци, и во тој период ние ќе треба да ги изработиме и оние клучни документи“, изјави Маричиќ за Алсат тв.
Во Брисел се одржа првиот состанок за скрининг процесот
Тимови од земјава и од ЕУ вчера во Брисел одржаа прв состанок за таканаречениот скринг процес, односно испитувањто на усогласеноста на правото на ЕУ со состојбите на земјата кандидат, за да може таа да се подготви за Унијата. С.Македонија вчера официјално го започна скринингот по одржувањето на првата меѓувладина политичка конференција со ЕУ.