Мы в Telegram
Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Научници со реакција за унилатералната изјава за македонскиот јазик

Научници со реакција за унилатералната изјава за македонскиот јазик

Научните работници од МАНУ, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за македонска литература, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Македонскиот славистички комитет по повод објавената Унилатерална изјава за македонскиот јазик реагираат дека посочувањето на временскиот и културниот континуитет на македонскиот јазик ги отфрла сите ограничувања на македонските дијалекти.

„Така што наведеното во Унилатералната изјава дека: „Овој континуитет се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна РС Македонија“, претставува грубо фалсификување на лингвистичките факти и на проучувањата на македонскиот јазик“, наведуваат тие.

Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности, како што посочуваат, имаат свој многувековен просторен и временски континуитет во составот на големата група словенски јазици. Во лингвистиката, според нив, се прифатени и научно фундирани фактите дека дијалектната диференцијација во Македонија започнала од 11 век.

„Македонскиот јазик и бугарскиот јазик се издигнуваат како јазични норми речиси во исто време, а македонската јазична норма никогаш не била дел на бугарската јазична норма. Македонската јазична норма се диференцира со контрастивната студија на македонските наречја од Партениј Зографски во 1858 и во книгата „За македонцките работи“ (1903) од Крсте Мисирков. Со прифаќањето на основните Мисиркови поставки за стандардизацијата на македонскиот и нивна разработка се заокружи кодификацијата на македонскиот јазик во 1944 год. и во 1945 год. со донесувањето на решенијата за македонската азбука и за македонскиот правопис. Македонскиот стандарден јазик беше широко прифатен во сите сфери на општествениот живот“, се вели во соопштението.

Во него се додава и дека македонскиот јазик е впишан во Регистарот на земји и јазици од страна на поткомисијата УНГЕГН при ООН, а се наведуваат примери и за застапеност на јазикот во други меѓународни институции.

„Ние, како научни работници, потврдуваме дека како и досега и во иднина ќе се раководиме според меѓународно прифатените научни сознанија за македонскиот јазик во историски и во современ контекст. Се повикуваме и на Европската повелба на фундаментални/основни права чиј чл. 22 гласи: „Унијата ќе ја почитува културната, религиозната и јазичната разноликост.“ Сметаме дека при сите разговори што ги опфаќаат јазичните и идентитетските прашања секоја земја членка на ЕУ мора да ја почитува оваа европска определба“, се додава во соопштението.

Млади македонсти пак во посебно соопштениет побараа веднаш, без одложување, од страна на Владата, односно Министерството за надворешни работи изјавата да биде повлечена во целост, бидејќи, како што наведуваат, со неа не се почитуваат востановените научни сознанија и утврдени факти за македонскиот јазичен, книжевен и, воопшто, културен идентитет, зад коишто стои не само домашната и странската македонистика, туку и современата светска славистика, лингвистика, книжевна наука и историографија.

„Во Изјавата, меѓу другото, не се почитуваат и меѓународно усвоени теории и практики на толкување на фактите поврзани со историјата на словенските јазици во чиешто семејство припаѓа и македонскиот јазик, а, следствено на тоа, и на толкување на фактите за историјата на македонската книжевност и, воопшто, македонската култура. Ваквата Изјава може да доведе до сериозни и трајни последици по нацијата, државата и севкупната македонска култура, и затоа укажуваме дека доколку не биде повлечена, од наша страна ќе биде сметана за нелегитимна, а за нелегитимен ќе го сметаме и секој натамошен акт којшто ќе се темели или повикува на неа.“, велат тие.

И Македонија до ЕУ достави еднострана изјава за јазикот

Македонија вчера до ЕУ достави еднострана изјава за јазикот, која ќе биде приложена кон записникот од првата политичка меѓувладина конференција. Во македонската изјава се наведува дека, како што е прoпишано во Уставот на Република Северна Македонија, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е службен јазик на РСМ на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи.

Читайте на 123ru.net


Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

В субботу в Подмосковье ожидается +20 градусов

Гендиректор Московского зоопарка объяснила, почему шерсть панды Катюши розовеет

В Подмосковье несколько лосей пересекали трассу строго по пешеходному переходу

На Бали появилась «New Москва»: в Индонезии обвинили россиян в колонизации райского острова

Музыкальные новости

Страдания юного Аюша Булчун

Россия, Культура, Дети: конкурс на новую эмблему обьявил Театр Ульгэр в Республике Бурятия

Продвижение Песен и Музыки в Плей-листах Яндекс.Музыка.

В Росгвардии стартовал чемпионат по боксу "Кубок Победы"

Новости России

В субботу в Подмосковье ожидается +20 градусов

МОСКОВСКИЙ ФЕСТИВАЛЬ ПОД ФЛАГОМ РУССКИХ СУПЕРГЕРОЕВ.

Худрук РАМТ Бородин попал в больницу в Москве

18 мая в Москве ожидается до +20°C и без осадков

Экология в России и мире

Кладезь полезных свойств: Кутушов рассказал о пользе шлемника байкальского

Lamoda запустила бренд мужской одежды и обуви Mademan

Состоялась Байкальская театральная школа в Бурятии: Россия и Культура, Дети

Армяне России поддерживают движение «Тавуш во имя Родины»

Спорт в России и мире

Стало известно, при каком условии Медведев может опуститься на 5-е место рейтинга ATP

Свищёв: МОК и ITF не будут реагировать на призывы наказать Хачанова

Теннисист Медведев не смог выйти в четвертьфинал турнира серии «Мастерс» в Риме

Первая ракетка Казахстана вышла в финал турнира WTA в Италии

Moscow.media

Фикс-тариф будет доступен всем пользователям BelkaCar

Под красным куполом

Страдания юного Аюша Булчун

Руки-загребуки или парфюм с запахом уголовного дела







Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *