СЗО повторно одлучува за прогласување на мајмунските сипаници за глобална вонредна состојба
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус ќе одржи прес-конференција, пренесува АФП.
Според Центрите за контрола и превенција на болести на САД, повеќе од 15.800 луѓе во 72 држави се заразиле со мајмунски сипаници.
Од почетокот на мај се регистрира пораст на бројот на заболени од мајмунски сипаници.
Во Грција потврдени 13 случаи на мајмунски сипаници
На 23 јуни, СЗО свика итен состанок на експертскиот комитет за вонредни состојби за да одлучи дали мајмуните сипаници претставуваат „здравствен итен случај од меѓународна загриженост“, највисокото ниво на тревога на организацијата.
Сепак, мнозинството го советуваше Гебрејесус дека ситуацијата во тоа време не е доволно алармантна за да се прогласи тоа ниво на тревога.
Мајмунската сипаница е ретка вирусна болест слична на сипаница. Симптомите вклучуваат треска, главоболка и осип на кожата.