Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Против “затворскиот туризам“ со измени на законот за извршување санкции

Министерството за правда ќе предложи во иднина извршувањето на затворската казна на осудениот да се врзе со неговото место на живеење во последните две години, изјави министерот за правда Никола Тупанчески во неделното интервју за радио Слободна Европа. Неговиот коментар следува откако поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, а претходно и бизнисменот Орце Камчев ги променија адресите на живеење во Охрид и создадоа правна основа за одржување на затворската казна во затворот во Струга.


„Испадна дека Струга е градот на затворски туризам. Се работи нели за закон од отворен тип и се разбира дека и во однос на безбедноста и условите за издржување на казната се попривилегирачки или подобри во однос на другите казнено поправни установи во нашата држава. Правна можност за тоа постои, но она што ние можеме да го направиме како правда во иднина, еве се менува и законот за извршување на санкции, каде што еве како идеја би можело да ставиме, односно би било добро „извршувањето на казната да се врзе со последните 2 години на живеалиште од пред извршување на кривичното дело. На таков начин ние би избегнале оваа апсурдна ситуација, или ситуација која можеби по малку наликува на злоупотреба или излегување од правата рамка“, вели Тупанчески во интервјуто.




Од неделното интервју на РСЕ со министерот Тупанчески



Во врска со институтот спогодба на вина преку кој и на Камчев и на Мијалков им беше намалена затворската казна, Тупанчески вели дека овој механизам е во согласност со нашиот правен систем, но дека треба да се внимава на евентуалната злоупотреба на оваа мерка.


„Во принцип јас конкретни пресуди не коментирам, меѓутоа можам да зборувам за состојбите. Спогодувањето на вина претставува елемент или сегмент од прецедентното право којшто е пресликан во нашиот правен систем, посебно во Законот за кривична постапка. Идејата беше добра, во насока на тоа дека доколку постојат пододредени услови коишто се строго определени, заради економичност на постапката да се примени тој институт. Не можам да кажам дека имаме резултати на тој план. Дали имаме злоупотреба на институтот спогодување на вина е прашање за кое можеби треба да се дискутира и тоа е поразличен дискурс. Секогаш потенцирам дека казната мора да биде индивидуализирана и да биде во пропорција со неправото кое претходно било извршено, со квалитетот на неправо и она што се нарекува инкриминација. Без таква пропорција, ние не сме ја постигнале целта“, вели Тупанчески.


Инаку Мијалков призна вина за случајот и се спогоди со „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Тој ќе оди три години во затвор и ќе му се одземе имот во вредност од околу 30 милиони евра. Претходно и Камчев, постигна спогодба во „Империја“ и доби една година затвор. Истиот доби пресуда и во случајот „Плацови на Водно“ каде што со првостепена пресуда, исто така, беше осуден на едногодишна казна затвор. Покрај затворската казна, тој да уплати и пет милиони евра во државниот буџет.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *