Пожарот во Словенија уште гори - евакуирани жители на 10 села
Локалните власти соопштија дека превентивно се евакуирани жители на седум околни села и градови.
Пожарникарите во текот на целата ноќ го гаснеле пожарот, но се појавувале нови жаришта.
Пожарот во Берово сѐ уште се гасне
На помош денеска доаѓаат 800 пожарникари од целата држава, а во гаснењето се активирани и седум хеликоптери.
Пожарот досега зафати повеќе од 2.000 хектари во Словенија, а животот го загуби една полицајка на италијанската страна, која доброволно се пријавила да помогне, но загинала откако врз неа паднало запалено дрво.