Дабиќ: Добив дисциплинска од МНР затоа што јавно говорев за состојбите во дипломатијата
Првиот човек на диплотматскиот синдикат го обвинува МНР за насилие, ароганција и заплашување кон него и членовите на Синдикатот.
„Дисциплинската постапка е покрената и покрај тоа што има низа прекршувања во истата на повеќе закони, дури и дел од Уставот на државата, кој толку сакаат да го споменуваат периодов!Нејсе, ова нека биде мој печат на мојата долгогодишна дипломатска кариера која ќе ја завршам за Македонија!“, стои во отвореното писмо на Дабиќ.
Кој ќе пријавува, а кој ќе казнува говор на омраза?
Од македонскиот дипломатски синдикат претходно бараа оставка од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, поради како што рекоа свесното уништување на македонската дипломатија.
Синдикатот се огради и од од сите активности на министерот Османи околу францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и почнување преговори за членство на Македонија во ЕУ, а претседателот Дабиќ учествуваше и на протестите против францускиот предлог.