Владина делегација положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје
„Скопје одново“ - храбра уметничка сторија за меѓународната хуманост
„Денот на сеќавањето на скопскиот земјотрес е и ден кога им изразуваме благодарност на сите кои со љубов и солидарност учествуваа во споделувањето на болката со преживеаните и што учествуваа во обновата на градот. Скопје стана град на солидарноста, место на кое се обединија пораките и молитвите за поддршка и за споделување на болката, за загубата“, соопшти владината прес-служба. Почит кон загинатите лица во земјотресот оддадоа и претставник од Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски, делегација од Собранието, амбасадори и делегации од дипломатско-конзуларните претставништва во Северна Македонија.