Делегацијата на ЕУ, американската и британската амбасада во БиХ ја поздравија одлуката на Шмит
Високиот претставник за БиХ наметна измени на Изборниот закон
„Европскиот совет неодамна јасно го изрази ставот дека ЕУ е подготвена да ја прифати БиХ како земја кандидат. Очекуваме релевантните домашни актери во БиХ да преземат лидерство и одговорност за реформите во согласност со 14-те клучни приоритети од Мислењето на Европската комисија за БиХ апликација за членство во ЕУ“, се додава во соопштението. Амбасадите на Британија и на САД во Сараево ја поздравија одлуката на високиот претставник Кристијан Шмит за измените на Изборниот закон на Босна и Херцеговина. Шмит вчера наметна технички измени во Изборниот закон на БиХ, со тоа што остави време партиските лидери од Федерацијата БиХ да се договорат за политички измени на овој закон, а доколку тоа не се случи, не е исклучена можноста за уште едно наметнување изборите правилата во БиХ.