Американски инвестиции од 237 милиони долари за енергетскиот сектор на Косово
Курти: воведување блок тарифи во снабдувањето со електрична енергија
„Договорот од 236,7 милиони долари, што е најголемата енергетска инвестиција направена во нашата земја во последните децении, ќе помогне да се создаде флексибилност и стабилност во електричната мрежа, овозможувајќи поголема интеграција на обновливите извори на енергија, како и развој на вештини кои ќе придонесат за зголемување на учество и ангажман на нашите жени во енергетскиот сектор и на пазарот на трудот“, рече Османи. Косово, каде што производството на електрична енергија главно се базира врз јаглен, се соочува со длабока криза поради растот на светските цени на енергијата, иако досега само малку ја зголеми цената на струјата за потрошувачите.