Србија и Белорусија разговарале за можен развој на соработката во воена сфера
БелТА наведува дека билатералните консултации за воена соработка меѓу Министерството за одбрана на Белорусија и Министерството за одбрана на Србија биле одржани на 27 јули преку видео врска. На средбата присуствувале полковник Валериј Ревенко, началник на Одделот за меѓународна воена соработка и полковник Небојша Светлица, началник на Одделот за меѓународна воена соработка на Министерството за одбрана на Србија.
Во текот на консултациите, воените ресори разговараа за состојбата и перспективите за развој на билатералните односи во воената сфера. Дополнително, беа договорени предлози за понатамошна соработка меѓу министерствата за одбрана на Белорусија и Србија, објави БелТА.
За оваа средба нема информации на веб-страницата на Министерството за одбрана на Србија.