Пелоси по пристигнувањето во Тајван изрази поддршка за демократија на таа земја
Белата куќа: Пелоси има право да го посети Тајван
Кина веднаш ја осуди посетата на Пелоси, велејќи дека сериозно ги оштетува мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец. Во соопштението на Министерството за надворешни работи се вели дека тоа ќе има „сериозно влијание врз политичките односи меѓу Кина-САД и оти сериозно го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина.“ Кина, која го смета Тајван како одметничка провинција која треба да биде припоена со сила доколку е потребно, гледа на официјалниот контакт на американските власти со Тајван како обид да се поттикне де факто независноста на таа земја во перманентна. Американските власти го отфрлија тоа тврдење.