Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Кинески авиони и бродови симулираат напад врз Тајван

Кинески авиони и воени бродови утринава вежбаа напад врз Тајван во саботата, соопштија островските власти, како одмазда за посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.


Поради нејзината посета на Тајван, Пекинг исто така го прекина дијалогот со САД во неколку области и воведе санкции за Пелоси.



Кина ја прекинува соработката со САД во неколку области


Кратката ненајавена посета на Пелоси на островот за кој Кина тврди дека е нејзина територија, го налути Пекинг и поттикна воени вежби кои вклучија истрелување балистички ракети над главниот град Тајпеј.


Кинеските вежби се очекува да траат до недела попладне.


Во саботата наутро, тајванското Министерство за одбрана соопшти дека повеќе кинески бродови и авиони извршуваат мисии во Тајванскиот теснец, а некои ја преминале централната линија, неофицијалниот тампон што ги дели двете страни. Тајванската војска верува дека овие движења биле дел од симулиран напад на главниот остров на Тајван.


Војската на Тајван издаде предупредување и распореди патролни сили за воздушно извидување и бродови за набљудување, a ги стави во состојба на  подготвеност и ракетите од копно.



Пелоси: Кина не може да ги спречи американските претставници да го посетат Тајван


Пелоси пристигна во Тајван во вторникот. Нејзината посета на островот, и покрај предупредувањата на Кина, е посета на највисоко ниво на американски функционер во последните 25 години. Таа во Тајман стигна по посетата во Јапонија, остварена во рамки на нејзината поширока азиска турнеја. 


Тајван е самоуправа од 1949 година. Пекинг вели дека неговите односи со Тајван се внатрешно прашање и го задржува правото да го стави островот под кинеска контрола, доколку е потребно и со сила. Тајван пак ги отфрла тврдењата на Кина, велејќи дека само народот на Тајван може да одлучи за нивната иднина.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *