Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Почина жената од Неготино што ја претепа партнерот, судот ќе го гони за потешко кривично дело

Почина жената која на 2 август беше претепана од неготинецот со кој била во вонбрачна заедница, поради што стореното дело ќе се преквалификува во потешко кривично дело, согласно новите околности, потврдија за МИА од Јавно обвинителство Кавадарци.



Оттаму појаснуваат дека тој останува во притвор, а постапката против него е во тек.



Претходно, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен жител на Неготино за кого постоеше основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.



Важно ли е „што ќе кажат соседите“ ако си жртва на насилство?


„На 2 август, по вербална расправија, осомничениот извршил семејно насилство врз жена со која претходно повеќе години живеел во вонбрачна заедница. Тој повеќе пати ја удирал со бокс во главата, а потоа ја турнал кон туш кабината во бањата. Оштетената паднала и се здобила со тешка телесна повреда од која западнала во коматозна состојба. По интервенција во Општа болница – Кавадарци, таа била итно пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје“, информираа тогаш од Обвинителството.


Анализата на случаи на фемициди во Македонија на УНДП, покажа дека во периодот 2017 – 2020 година се убиени вкупно 26 жени, според податоците на Државниот завод за статистика. Од нив, 22 убиства (84%) може да бидат квалификувани како фемициди - односно родово базирано убиство на жени.  



„Лишени од нормален живот“: семејното насилство во Бугарија


Кај повеќе од 75% од анализираните случаи на убиства на жена кривичното дело е извршено од страна на актуелниот или поранешен брачен или вонбрачен партнер со кого живеела во заедница. Во повеќе од 80% од случаите, иако постоело насилство за кое подоцна во постапката сведочеле и блиски роднини на жртвата, ниедна од 14 убиени жени не го пријавила насилството во надлежните институции. 


Најголем број од убиствата (50%) се случиле во семејниот дом, односно домот каде што сторителот и жртвата живееле заедно, покажа анализата.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *