Ако воведувањето придонеси за хонорарците не било добро пред 7 години, зошто сега би било добро, прашуваат хонорарците. Други, прашуваат што ќе добијат тие за парите што ќе им ги земе државата. Министерот Фатмир Бесими рече дека сè уште има нејаснотии и затоа не излегле со конкретен предлог.