Суспензија на правото и правдата, тоа за шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска значи нејзината суспензија. Вели дека по неа тешко дека некој обвинител сериозно ќе продолжи да постапува по нејзините предмети. Таа денеска поднесе жалба на одлуката за суспензија.