Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Бектеши бара МВР да постапи во сите општини каде има големи загуби на струја

Од понеделник екипите на ЕВН Македонија непречено ќе работат на терен во Општина Арачиново и на тој начин ќе почне да се наплаќа струјата во оваа Општина, но и на други места, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши по состанокот со градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими.


До ова дојде откако жителите на оваа општина три дена останаа без струја поради дефект, но и неплатени сметки. ЕВН јавно се пожали дека до сега било небезбедно да испратат екипи на терен, бидејќи нејзини вработени биле постојано мета на физички и вербални напади од локални жители.


„Просечните годишни загуби во Општина Арачиново се околу 20.000 мегават часови на електрична енергија поради нелегални приклучоци. Преведено во пари, тоа се шест милиони евра“, соопштија од ЕВН.


Битиќи- Ако се задолжиме за да помогнеме на стопанството, некој ќе треба да го плати тоа


Претставниците на ЕВН на прес коференцијата изјавија дека очекуваат дека ќе им бидат обезбедни услови за непречена работа. 


Бектеши најави дека ќе побара од МВР и другите надлежни институции да постапат во сите општини каде има големи загуби на струја, бидејќи според него, тие се на товар на сите потрошувачи на електрична енергија. Загубите на струја, како што рече, се признаваат како трошок кога се одредува цената за струјата.


Тој тврди дека  најголемите загуби на електрична енергија има во 5 градови во земјава. Тој истакна дека покрај Арачиново големи загуби на електрична енергија има и во Куманово – 16,2 отсто, Тетово 10,7 отсто, Гостивар – 19,3 отсто, Кичево -12,1 проценти, Скопје – 19,6 отсто.


„Ги повикувам сите да ги почитуваат законите, одредбите од законите се со цел да не се направи штета во делот на снабдување со електрична енергија, но и во делот на електродистибутивниот систем“, рече Бектеши нагласувајќи дека крадење на струја или незаконски приклучок во дистрибутнивната мрежа е кривично дело кое се санкционира согласно закон.


Денеска се очекува Владата да донесе одлука за прогласување на енергетска криза. 

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *