ССК: Државата да ги приватизира несуштинските капацитети
Државата треба да се фокусира на заштеди и рационализација во Буџетот, а редно време е да размислува и за приватизација на одредени несуштински работи кои ги поседува, кои со години бележат загуби, порача денеска на прес-конференција претседателот на Сојузот на Стопански Комори, Трајан Ангелоски.
Државата, посочи Ангелоски, има акции во Телеком, а ние сме либерализиран пазар, и не ја гледаме потребата зошто државата сега на некој начин да тера бизнис во Телеком. Има и во железници итн. кои и така и вака секоја година гледаме бележат загуби, додава првиот човек на ССК.
„Дефинитивно државата треба да размисли на рационализација во буџетските трошења. Моментов за воведување нови даноци треба многу внимателно да се размисли. Во ваква елементарна непогода со цените на енергенсите не сум убеден како би се одразиле нови даноци затоа што прашање е која фирма ќе има позитивни резултати за да ги измирува дополнителните даноци“, посоочи Ангелоски.
Тешката зима би можела да биде катализатор за предвремени избори
Од комората велат дека Владата да биде повнимателна при креирањето и носењето на најавената даночна реформа во, како што велат, овие тешки времиња кога стопанството се наоѓа во тежок постковид период, зафатено е од енергетска криза и е во нарушен глобален синџир на снабдување.