Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Костовски - Организираниот криминал е во институциите во спрега со тајкуни

Организираниот криминал и корупцијата не се на улица, туку во институциите на системот во државата во спрега со силни тајкуни кои денеска владеат со Македонија како сива еминенција, вели бизнисменот и најголем акционер во „Еуростандард Банка“ Трифун Костовски кој е под истрага за предизвикување стечај на банката. Тој во реакција на изјавата на поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини кој за РСЕ изјави дека корупцијата во банкарскиот систем е сигнал за метастаза на криминалот, посочува дека во голем процент се согласува со неговите ставови.


Хајредини: проблемите во банкарскиот систем се метастаза на криминалот



„Главниот акционер на Еуростандард банка кого обвинува сега, кога и тој сам по налог на тие политичари сам потпишувал наредби да се одобрат кредити таму каде што отишле. Тој е во нивниот случај првата алка, а тој беше и пратеник и градоначалник на Скопје, ги знае сите тие работи. Станува збор за спрега со финансискиот капитал, сите се зависни и заинтересирани да не се откријат случаите, “ изјави Хајредини на 23 август.




Костовски реагира на оваа изјава на Хајредини и посочува дека не може да го прифати фактот дека бил идентификуван како човек зависен од политика, истакнувајќи дека во политиката влегол како независен кандидат и, како што тврди, никогаш не дозволил политичките партии да се вмешаат во неговиот бизнис.



„Велите дека јас сум потпишувал наредби за одобрување на кредити без покритие. Не, господине Хајредини, тоа никогаш го немам сторено. Ако нешто ви значи како јас го воспримам бизнисот е фактот што дури и во фирмите каде сум доминантен сопственик сам си ги покривам трошоците за услугите на тие фирми,“ се вели во пишаната реакција на Костовски.



Отворена „банкарска војна“ – перење пари преку фиктивни кредити



Во понеделникот на  22 август Костовски одржа прес конференција на која беа прикажани резултатите од истрагата што ја спровела независната ревизорска куќа од Словенија по негово барање. Во извештајот беше посочено дека седум банки во земјава се дел од банкарски синџир „за перење пари преку фиктивни кредити“. Костовски на прес конференцијата призна дека Еуростандард банка била дел од „шемата“ уште од 2011 година, но како што тврди тој, без знаење на акционерите.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *