Ескобар: Вучиќ е посветен на регионална стабилност
Вучиќ - Во Србија се води војна меѓу Истокот и Западот преку посредници
„Навистина верувам и се надевам дека аспирацијата на Србија е да биде полноправна членка на ЕУ и дека нема да мора да зборуваме за поделби на Западен Балкан. По разговорот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, можам да кажам дека тој е целосно посветен на регионалната стабилност, дека не сака насилство: Да ја искористиме таа добра волја и добрата волја на другата страна, Косово, и се надевам дека лидерите во регионот ќе слушнат што претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен рече дека Западен Балкан навистина сака да биде дел од Европската унија и оти граѓаните го сакаат тоа од овој простор. Гледаме оптимизам од сите страни“, рече Ескобар.