Во пожарите во Казахстан загинало 1 лице, 10 се повредени
Најмалку едно лице загинало, а 10 се повредени во шумски пожар во регионот Костанај, северен Казахстан. Министерот за вонредни ситуации Јуриј Илин изјави дека спасувачките екипи го извлекле телото на 86-годишен маж кој одбил да биде евакуиран.
Тој додаде дека петмина локални жители и пет работници кои помагаат во спасувањето биле повредени, а четворица од нив се хоспитализирани.
Во пожарот изгореа повеќе од 43.000 хектари шума. Министерството за вонредни ситуации доцна синоќа објави дека околу 9.400 хектари сè уште горат.
Најмалку шестмина загинати, а 16 се уште се водат како исчезнати во пожарот на пазарот во Ереван
Околу 1.800 луѓе се евакуирани. Пожарот, кој започна на 2 септември, оштети повеќе од 100 домови. Неколку стотини пожарникари, десетици противпожарни возила и хеликоптери беа користени за контрола на пожарот. Операцијата е отежната од високите температури и силните ветрови.