Времето денеска: намалување на облачноста
Претпладне променливо облачно со локален дожд, претежно во југоисточните делови. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во Скопје во утринските часови променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе се движи од 21 до 26 степени. Во Скопје и околината слично време, со температура до 26 степени.