ДКСК: Приватна компанија манипулирала со регрес за работниците, а инспекторатот не реагирал
Инспектори за труд не постапувале според закон во предмет кој се однесува за непочитување на работнички права во една приватна компанија со околу 200 вработени, односно не виделе повреда на законот со тоа што им биле исплатени 500 денари за регрес за годишен одмор, наместо 40 проценти од просечната плата.
Катица Николовска од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на седницата на Комисијата денеска информираше дека фирмата по пријава и контрола од страна на испектори, со синдикатот во комапанијата склучила спогодба за исплаќање по 500 денари, а овластениот инспектор во вонреден надзор на компанијата не констатирал никаква повреда.
Николовска појасни дека се работи за предмет кој се однесува на, како што рече, државни службеници кои не си ја извршувале својата работа, односно, не постапувале по закон за пријава за неисплатени ноќен труд, регрес или годишен одмор во една приватна компанија.
„Гласен текстилец“ - 46 македонски компании воопшто не исплатиле К-15
Информираше дека Комисијата побарала Државниот инспекторат за труд да ги утврди констатациите, а истото барање до инспекторатот било упатено и од Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет.
Износот за исплата на регрес утврден според закон е 40 проценти од исплатената просечна нето плата.